субота, 4. јун 2011.

ТОРИНСКО ПЛАТНО или ХРИСТОВА ПЛАШТАНИЦА


Дај го прcтот свој овде и види ги рацете мои;
дај ја раката свој и ставија во ребрата Мои;
и не биди неверлив, но верлив!“ (Јн.20,27)


Исус Христое не сакал за својот земски живот да остави други траги до своето
Евангелско дело. Он не соградил ни варски палати, ни велелепни храмови. Он не ковал
пари па на нив да го втисне Својот лик. Нему му било потребно да создаде живи олтари
на Севишниот во човечките душии во нив да го втисне Својот пречист и свештен лик. Па
сепак, како што изгледа, човековиот лик на Исуса Христа како да ни на едно место не
оставил својтраен траг за да им овозможи на нучниците да го видат со своите телесни
очи и со своите прсти и раце сетилно да го восприемат.
Голготската трагедија минала; во Ерсалим завладеало видливо затишје.
Божескиот Страдалник ја испил најгорчливата чаша до дното-крстните маки. Тогаш
Он извикал со возвишен глас:„Се сврши, ја преклонил главата и издивнал“. Јосиф од
Ариматеј угледен член на синедрионот и потаен Христов ученик, отишол до Пилат за
да го озмоли телото Исусово. За ова, навистина, била потребна молба, бидејќи спрема
обичајното право во Персија, Картагина и Рим распнатите тела биле оставани да висат
на крстовите се додека птиците не ги исколваат. Кога разбрал Пилат дека Исус умрел се
зачудил. Тогаш тој го испратил својот капетан за да ја утврди званично Христовата смрт.
Од целиов Евангелски расказ произлегува дека Пресвета Богородица, другите
жени и апостолитр кои биле блиски до Христа, биле поразени од брзите трагични
настани, па не биле во состојба да извршат какви било подготовки за погребување на
Исусовото тело. Тие постојано биле на Голготското брдо за време на распнувањето, и
откако Јосиф го положил Господовото тело во гроб се вратиле во Ерусалим.
Познато е дека Исус Христос издивнал околу 15 часот според нашето мерење на
времето. Сигурно е дека Јосиф Ариматејски почекал да се увери дека смртта навистина
настапила. По тоа за да отиде до Пилата, а овој да ја провери Исусовата смрт, значи
Јосиф имал доволно време да купи платно и заедно со НИкодим, кој донеол смирна и
алој, отидат до Исуса и да го симната од Крстот. Бидејќи одминувало времето требало се
да се заврши брзо, поради што телото Исусово не можело да биде погребано според сите
Јудејски прописи и обичаи. Телото требало да се постави во гроб пред да засјае првата
ѕвезда. Затоа што со појавувањето на ѕвездите настапувала саботата која е одредена за
целосен одмор и кога ништо не се работело.
Поради стек на околности Исусовото тело не можело да биде изнањато, та затоа
биле испонети само надворешните барања на погребниот обичај и било обвиткано саамо
со платно и врзано со пелени.
Овдека јасно се гледа манифестацијата на снисходливата Божја премудра
промисла, имено во ваков повој за скептиците од типот на Тома останува видлива трага
за историјскиот карактер и вистинската, стварната смрт на Исус Христос. И, навистина,
погребот на телото Исусово да било извршено според сите прописи на јудејскиот обичај
не би имало никаква смисла жените мироносици веднаш по саотата и на празникот Пасха
да брзаат доХристовиот гроб со потребниот материјал како што се мирисливото уље и
мирото. Познато е и дека според тогашните јудејски гледања, допирот о лешот по смрта
не се дозволувало и тоапретставувало осквернување.
Кога жените мироносици и некои Христови апостоли во ранот воскресно утро го
нашле празен гробот ги „виделе само повојот стои“. Што станало со овие материјални
предмети што биле околу телото осподово на кои останал отисокот на неговиот лик и кои
во себе впиле крв и пот? За ова Евангелието не ни дава никакви податоци. Сепак неможе
да се претпоставидека овие свештени реликвии биле оставени на произволноста на
судбината. Самиот факт дека евангелистот Јован ги спомнува изричито покажува дека за
овие свети предмети се водела посебна грижа. Ова е разбирливо и од фактот што тие

предмети биле осветени со допирот на пречистото тело и со впивање восебе на
искупителната крв на Богочовекот Христос. Сигурно е дека некоја пријателска рака
грижливо ги скрила и се прдавале од поколение на поколение како најголема драгоценост
и светиња.
Познато е дека царицата Елена, мајката на царот Константин, собирала реликвии
од страдањата на Исуса Христа и од Ерусалим ги донесувала во првиот христијански
град Константинопол, во градот на Царевите. Еден ромејски историчар Никифор Калист
блажениот, зпишал дека царицата Пулхерија(399-453) ја примила плаштаницата и други
нешта од царицата Евдокија и истит ги дала на чување во ново соградената црква
Влахерни во Цариград. За ова говори и свети Јован Дамаскин во 8-от век. И Гиј од Тр во
својата хроника од 1171-та година запишал дека во тоа време Христовата плаштаница
била на чување кај царот Манојл Комнен (1143-1180 г.). И, 32години подоцна, Роберт де
Клари, ја спомнува плаштаницата на која имало отисоци на телото и ликот Господов и
дека се чува во царигратската капела. А крстоносците 1204-тата година во своето
четврто освојување завладееле со Цариград. Во врска со ова историчарот Роберт де
Клари запиша дека при делбата на пленот Плаштаницата му паднала во дел на
французинот Ото де ла Рош командир на армијта на Маркуз од Монферат. Ото де ла Рош
го земал со себе тоа платно го днесол во Франција и му го дал на својот татко, а овој пак
1206-тата година истото го доверил на чување на епископот Амед од Безансон.


Плаштаницата била од ленено платно со широчина од 1,10 м. а должина 4,36 м.,
особено било интересно шо на него имало трагови од пот и крв. Со подолго
набљудување се забележувале нејасни контури на човечко тело со висина од 1,80м.
Ото де ла Рош го земал со себе тоа платно го днесол во Франција и му го дал на
својот татко, а овој пак 1206-тата година истото го доверил на чување на епископот Амед
од Безансон.
Катедралата ви Безансон каде што се чувало платното ја зафатила пожар и истата
изгорела 1349-та година. Платното е спасено од пожарот, но на себе носела трагови
од пожарот. Од тој момент може со точност да се следи патот на палштаницата. После
пожарот е пренесена во Иреј во Шамањ и чувана во црквата изградена од последниот
темплар Џефри Чарни, нормандијски витез, во 1307 -та година, кого францускиот крал
Филип Втори Убавиот (1285-1314) го спалил во 1314-тата година во Париз.
Маргарита де Чарни во 1432-та година ја подарува Плаштаницата на својот сопруг
Лудвиг Првиот од савојската династија. Тогаш Плаштаницата била донесена на чување
во една капела-Шамбери. За веме на калвинистичките и хугетонските побуни во текот
на ноќта меѓу 3 и 4 декември 1532 та година пламен ја зафатил капелата во која се
чувала Плаштаницата. о цена на својот живот Херцог и рден ковач влегле во капелата и
повторно се спасува Плаштаницата од оган.
За време на овие и наредните војни времиња Плаштаницата била селена во разни
места на Франција, па дури и во Белгија каде сликарот Алберт Дрирер 1515-тата година ја
копирал. Потоа била однесена во Ница.
Кога 1573-та година во МИлано имало колера миланскиот епископ Карло Бормез
отишол да се поклони на Палаштаницата каја Емануил Филиберто ви 1578 - та година
ја пренесол во Торино каде што и денеска се наоѓа,и отаму се нарекува „Торинска
Плаштаница“.
Овие историјски податоци се драгоцени, меѓутоа врз основа на нив не може да
се докаже автентичноста на Плаштаницата како Христова Плаштаница. Но, науката на
истражувачите им давала по сигурни сретства за истражување на староста и потеклото
на Плаштаницата.
Во 1889 тата година направена е снимка на Плаштаницата од страна на
правникот Лекондо Пиа. Резултатите од снимката предизвикале големо иненадување.
На фотографската плоча е добиен во детали јасен лик. Плаштаницата била црна на
негативот од плочата, но ликот и отисокот биле во позитив. Тоа значи, отисокот на телото
и лицето на Плаштаницата е во негатив, а телото и лицето биле појавени во позитив што
е парадокс, но во сличајов тоа е факт.
Ѓузепе Енри повторно во 1931 та година ја фотографирал и повторно го добил
истиот резултат.

Плаштаницата е од чито ланена и непроѕирна ткаенина, густо рачно исткаена од груба
преѓа. Према реконструкцијата од специјалистите се прогаќа древноста на постанокот на
ткаенината.
Натаму, со голо око јасно се забележуват отисоци на високо човечко тело, отисоци и од грбот и од предниот дел на
телото. Телото било голо кога биле обвиткано пред погребот као штоЕвреите ги
сохранувале своите мртовци во тоа време. Отисоците ги покажуваат надворешните
облици на човек што е релативно млад и распнат на крст. Бил висок и има трагови од
повреди што знаеме од евангелските сведоштва. Со време бојата од крвта преминала в
боја на `рѓа. Според отисоците на платното јасно се оцртуваат местата од каде течела
крвта: челото, потилокот, горниот дел на левата рака, на стопалата од
железнитеклинови, градите, лактите. Се забележуваат и траги од познатиот двоен
римски камшик (flagrum romanum) и други справи за измачување.


Со хемијски анализи истраживачите потврдиле дека Торинската Плаштаница не е
сликана со бои.
Од особено значење е делото на Ѓузепе Енри насловено „Светата Плаштаница во
светло на фотографијата“ печатена 1933 год. Најдобрите познавачи на фотографската
вештина тврдат дека ликот на негативот е поразително природен и анатомски пластично
верен. Цртите на лицето како кај секој човек, од десната и левата страна се различни. На
оваа неправилност уметниците од средниот ве не обрнувале внимание. Обидите на
уметниците покажале дека не е во состојба дури ни со помош на модел да отиснат и да
насликаат верночовеков лик во негатив.
Од ова може да се заклучи дека Плаштаницата не е фалсификат. На неа без
сомнение се отисоци од човек. Дури и оние што заземале негативен став, признаваат
дека негатив неможе да биде насликан. Со помош на зголемување на снимката на
Плаштаницата јасно се гледа дека по неа нема присаство на боја или трагови од четка.
После овие откритија се заинтересирале и природно научниците. Тие почнале да
вршат истражувања и дошле до потполно јасни резултати.
Со проблемот отисоци на телото врз платното прв направил експеримент проф.
Вињон од Париз. Тој во платното запрашено со алој завиткал едно мртво тело.
Резултатите биле незадоволителни, затоа што биле неизбежно изобличени отсоците.
Поголеми успеси во тој правец имале исталијанскиот специјалист по судска медицина
проф. Јудик од Милано и Ромнез од Торино. Тие во своите експерименти се држеле до
евангелските известувања што ги упатувалена правилен метод: „А дојде и Никодим, ко
порано беше отишол ноќе при Исуса, и донесе околу 100литри смес од смирна и алој. Го
зеде телото Исусово и го завиткал во платното со мирисите, како што беше обичај кај
Јудејците да погребуваат“(Јн. 19. 39-40). Многуте обиди покажале дека човековото тело
треба да биде намачкано и платното натопено со миризливо масло и тогаш телото
остава јасни и трајни отисоци.

Постојат и отисоци
од лицето причинети од удати. „Тогаш го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други
го биеја“(Мт.26,67). На челото и потилокот можат да се видат флеки од крв. „И војниците
кога сплетоа венец од трње Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница“(Јн.19,2). И
на другите делови од телото се гледаат отоци. „Тогаш Пилат Го фрли Исуса и Го
бичуваа“(Јн.19,1) Инжењерот Жерард Гордониер вршел снимања со инфра-црвени и
ултра-виолетови зраци и утврдил повеќе од 500 повреди, од кои 90 биле повреди од
flagrum romanum, oд железни клинови и една рана на градниот кош„еден од војниците Му
ги прободе ребрата“(Јн.19,34).


Исражуваеа во насока да се објаснат отисоците од раните извршил и парискиот
хирург Д-р Пјер Барб. Резултатите од истражувањата ги објавил во книгата „Конечно
медицинско проучување напетте Христови рани со помош на анатоски анализи и
непосредни прегледи“ издадена 1933год. Резултатите се сензационални. Ранетите
места не се на исти места како што уметниците ги прилажувале кога обично го сликале
Христовото распјатие. Исклучок е Ван Дик. Експериментите на Д-р Барб овозможуваат
лоцирање на местата на кои рацете биле приковани на крстотЧ железните шајки биле
на местото каде се превиткуваат дланките. Имеи Д-р Барб приковал еден леш за крст.
Местата на дланките се кинеле и под терет од 40 кгр. Но во составот на дланките каде
се превиткуваат поминуваат попречно сплет на жили доволно силни за да ја издржат
тежината на телото. Римските џелати, очигледно, очигледно поседувале анатомски
знаења.Истражувањата на хирургот овозможиле и точно да се утврди положбата на
Христовото тело на крстот. Тоа било приковано за крстот во хоризонтална положба а
потоа исправено. Поради тоа од тежината на телото рацете останувале во паралелност
со хоризонталата на крстот а телото се спуштало надолу.
Најинтересни се наодите што се однесуваат на ранате од рабрата. „Но еден од
војниците со копје му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и водаа“(Јн.19,34). Веќе
спомнатиот хирург од искуство од сексирање на луѓе што умираат во тешки маки,
забележал дека во перикардијата на срцето се зголемува количината на вод одн се
зголемува крвниот серум што истекува заедно со крвта кога наочно ќе се зареже.
Научните истражувања продолжуваат и не се исклучени изненадувања. Врз
основа на досегашните резултати изгледа дека најкомплетен заклучокот барем за сега на
Хенек. Тој вели: „Јас мислам, за лекарите, палаштаницата Христова е докажана како
Христова ди петте рани. Исклуено е некој измамник да располага со толкав број на
оправдани медицински поединости кои само природата и тварноста ги познавала и за
кои научниот свет немал поим. Никој н успеал да го фалсификува од медицинско
гледиште овој по својата природа документ за страдањата на Господа“.
Овој заклучок овој заклучок се одржи и понатаму како точен тоа би било Божјо
снисходеније на скептиците од типот на Тома.

 

Нема коментара: